Екипата на Си-Ен-Ен во Сирија со репортерката Клариса Вард влегла во скриениот затвор на режимот на Асад и пронашла затвореник кој бил затворен со месеци.
Тие го бараа американскиот новинар Остин Тајс, кој беше затворен во Сирија во последните 12 години, а неговото семејство се надева дека ќе го најде по падот на режимот на Башар ал Асад. Се верува дека бил фатен во близина на Дамаск во август 2012 година додека известувал за сириската граѓанска војна.
Екипата на Си-Ен-Ен ги посети скриените центри за притвор каде што бројни цивили биле мачени и претепани до смрт. Тие наидоа на ќелии, од кои едната сè уште беше заклучена.
Таму нашле затвореник кој четири дена бил затворен без дневна светлина без вода и храна. Тој не бил свесен за соборувањето на Асад.
„Се е во ред, се е во ред. Ние сме новинари“, му рече екипата на Си-Ен-Ен.
Тој му рекол на војникот кој бил со новинарската екипа на Си-Ен-Ен дека е од Хомс, затворен во ќелија во последните три месеци.
„Фала му на Бога што си спасен. Сега си безбеден, не плаши се, слободен си“, рекол војникот.
„Ова е трет затвор во кој ме доведоа“, рекол затвореникот.
По три месеци затвор без прозорец, конечно можел да го види небото.
„О Боже, светлина е, има светлина“, рече тој.
„Остани со мене, остани со мене“, му повтори новинарот на Си-Ен-Ен.
„Се тресам, ми се тресе лицето“, рече тој.
Кога слушнал дека Сирија е слободна, го бакнал војникот, а потоа и новинарката.