„Фокус“ објави нови фотографии од пукачот кој вчера попладне пукаше во Раде Трајковски-Штекли и негоивот соработник со прекар Колумбо во трговскиот центар „Ист Гејт“ во Скопје.
На фотографиите се гледа како лицето седи во обложувалница во трговскиот центар и воопшто не се крие од безбедносните камери.
Непосредно по пукањето на социјалните мрежи се појави видео снимка од безбедносните камери каде се гледа моментот на нападот. Штекли и Колумбо се спуштаат по елеваторот надолу кон гаражите, а лицето пука со пишол зад нивниот грб.


По објавувањето на видеото, полицијата објави фотографија којашто беше доста матна и ги повика граѓаните доколку имаат информација за лицето на фотографијата да пријават.