Македонија

Сиљановска-Давкова го одликува доктор Сашко Кедев со орден „8 Септември“

Сиљановска-Давкова го одликува доктор Сашко Кедев со орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова му го додели највисокото државно признание „8 Септември“ на академикот и интервентен кардиолог д-р Сашко Кедев.

Орденот му беше доделен за неговиот придонес во конституирањето на независна Република Македонија, како и за исклучителните достигнувања во медицината дома и во светот.

Д-р Кедев е еден од пионерите на интервентната кардиологија во земјава, воведувајќи иновативни методи и техники со кои извршил илјадници коронарни интервенции и над 1.600 транс-радијални каротидни стентирања.

Покрај медицинската кариера, е препознаен и по спортските подвизи – како прв Македонец кој ги искачил сите 14 планински врвови во светот над 8.000 метри.

На церемонијата во Македонската филхармонија присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, членови на Владата, академици и јавни личности.

Сиљановска-Давкова истакна дека одликувањето е признание за медицинскиот, научниот и општествениот придонес на Кедев, кој „ја персонифицира Македонија каде и да оди“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни