Македонија

Сиљановска Давкова помилува седум затвореници за Нова година!

Сиљановска Давкова помилува седум затвореници за Нова година!

По повод Новата година, претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за помилување на седум осудени лица. Еден од нив е целосно ослободен од казната, додека на останатите шестмина им е намалена затворската казна за три месеци.

Целосно помилуван е Васко Доневски од Делчево. Намалување на казните добија Јани Симон од Ресен, Христијан Димкоски од Прилеп, Ниметула Нухи од Скопје, Халим Адеми од Тетово, Магдалена Елисковска од Скопје и Ристе Јованов од Неготино.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни