Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во изјава за медиумите, а по прашање во врска со нејзиното патување во Берлин каде што учествуваше на Конференцијата за обнова на Украина, истакна дека не е љубителка на патувања со авиони.
Таа вели дека секогаш инсистира на најниската можна варијанта.
„Не сум љубителка на патувања со авиони, но, јас морав денеска да бидам тука, а како што знаете, сега повторно треба да одам во Швајцарија, речиси за истата цел, и ќе одам со обичен лет“, порача Сиљановска.
Таа вели дека не знае колку чинело патувањето, но додаде дека со неа патувале неколку лица.
„Од кабинетот патуваат тие кои што се важни за оваа работа, во градењето на нашите ставовите, во градењето на она што таму го изразив. Со мене беше надворешниот советник, еден човек од обезбедувањето, и, се разбира, беше заменик генералниот секретар, како и од вработените човек кој што е експерт во таа област што ги работи тезите“, образложи таа.