Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Генералното Собрание во ОН.
„Новото име е формално правна реалност, и мојата држава Република Северна Македонија како членка на ОН и НАТО ги исполнува меѓународните обврски, но членството во ЕУ не се оствари, и македонските граѓани се пред услов за уште една уставна измена, но не за членство, туку за почеток на преговорите, и тоа по втор пат. Како држава посветена на добрососедството, очекуваме разбирање од нашите соседи без закана за вето, затоа што каде што има вето, нема правда. Тоа ги демотивира македонските граѓани и ги забавува реформите, и го дестабилизира регионот и остава простор за влијание од други, поголеми држави. Проширувањето мора да се врза за копенхагенски критериуми“, рече Сиљановска-Давкова.
„Мора да се поддржиме едни со други, наместо да блокираме. Пред голем предизвик сме, како правното да стане праведно. Нема едноставни, безболни решенија“, кажа Давкова.