И покрај значителниот пад на цените на суровата нафта на светските берзи, граѓаните не почувствуваа поголемо олеснување на бензинските пумпи. Малопродажните цени кај нас, како и во регионот, остануваат високи, а причината, како што покажуваат анализите, се високите државни давачки.
Според најновите податоци од Регулаторната комисија за енергетика, набавната цена на горивата изнесува:
- 30,6 денари за литар БС-95
- 32,4 денари за литар БС-98
- 31,5 денари за литар дизел
Но, крајната цена што ја плаќаат граѓаните на пумпите е повеќе од двојно повисока. Зошто? На основната цена се додаваат фиксни државни давачки, од кои најголема е акцизата, а потоа и 18% ДДВ.
Иако берзанските флуктуации имаат улога, вистинската тежина во формирањето на цената ја носи фискалната политика – која, според економистите, сè уште не е прилагодена на глобалните трендови.