Македонија

Силен пожар во Кривогаштани, хеликоптерот подготвен но нема дозвола за летање поради доаѓањето на невреме!

Силен пожар во Кривогаштани, хеликоптерот подготвен но нема дозвола за летање поради доаѓањето на невреме!

Околу 14.00 часот изби силен пожар на територијата на Општина Кривогаштани, помеѓу с. Подвис и с. Годивје. Гори трева и нискостеблести растенија.

Во гаснењето учествуваат пожарникари од ТППЕ Кривогаштани, Прилеп и Крушево.

Хеликоптер на МВР е подготвен за полетување кон пожарот но поради невремето кое се приближува до Скопје нема дозвола за полетување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни