Свет

Силен земјотрес од 6,1 степен го погоди Ел Салвадор

Силен земјотрес од 6,1 степен го погоди Ел Салвадор

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 18 часот и 18 минути по средноевропско време во Ел Салвадор.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 86,3 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни