„Силјановска го згази Уставот уште при првата реченицa“, вели Адеми

Пратеникот од ДУИ, Арбр Адеми денеска на прес конференција изрази жалење по заклетвата на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова во која таа не го истакна уставното име на државата.

Според него, го згазила Уставот уште при првата реченица.

„Рече дека е време за единство, а ги спомна само двајца лидери од македонскиот блок исклучувајќи ги сите други од единството. Беше говор за 8-ми март без ништо суштинско, ниту се спомна НАТО, ниту членството на Македонија во НАТО и обврските и сите предизвици што ни престојат“, вели Адеми.

Според него, таа не го споменила ни евроинтегративниот процес на државата.

„Ниту збор немаше за негување на добри меѓуетнички односи, ниту еден збор за Охридскиот рамковен договор, ниту еден збор за Преспанскиот договор, ниту еден збор за Договорот за Добрососедство со Бугарија, ниту еден збор за уставните измени. Намерно не ја спомна ни честитката од претседателката на Косово за нејзиниот избор иако не недостасуваа апострофирања на жени лидери кои честитаа за изборот“, вели Адеми.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното