Свет

Силна експлозија во Кина, најмалку 47 загинати, бројката незапирливо расте

Најмалку 47 лица загинаа, а повеќе од 600 повредени во силната експлозија која се случи во еден хемиски парк на индустриски комплекс во источна Кина. Во тек е мисија за спасување во градот Јанченг, во покраината Џигангсу.

Детонацијата се случила во 14 часот по локално време. На лице место стигнаа пожарникари и останатите служби за итни интервенции.

Од силната експлозија, срушени се и околните куќи, како и неколку згради.

Првично беше најавено дека се загинати шест лица, а потоа 47. Се стравува дека бројката и натаму ќе расте.


Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни