Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Свет

Силни експлозии во Киев по најавата за воздушна тревога

Силни експлозии во Киев по најавата за воздушна тревога

Силни експлозии одекнаа утрово во главниот град на Украина Киев по прогласувањето на воздушна тревога, пренесе Франс прес.

Украинската воздушна одбрана одби ракетен напад врз Киев, соопштија градските власти и претставници на воздухопловните сили. Очевидци изјавија за Ројтерс дека слушнале повеќе експлозии по предупредувањето за ракетен напад врз градот.

Градската воена управа, цитирана од Укринформ, во апликацијата Телеграм извести за паѓање остатоци во неколку области на Киев како резултат на ракетен напад врз главниот град.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, известува за две жртви во областа Холосиевски. Една од жртвите е во болница.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни