Македонија

Силни врнежи и грмежи во повеќе места – УХМР со информација за движењето на невремето

Силни врнежи и грмежи во повеќе места – УХМР со информација за движењето на невремето

Нестабилна временска состојба ја зафати Македонија, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според последните информации, невреме проследено со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица се движи кон подрачјето на Скопје и Куманово. Невремето се движи во правец од северозапад кон југоисток.

Подоцна, околу 18 часот, невреме со олуен ветер, пороен дожд и грмежи било забележано во Штип и Кочани, а движењето на нестабилната воздушна маса е кон Виница.

Од УХМР предупредуваат на внимателност поради можност за појава на силен ветер, интензивен дожд и локални невремиња.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни