Македонија

Силниот земјотрес во Турција сруши десетина куќи, повреди неколку лица

Министерот за животна средина и урбанизам на Турција Мурат Курум соопшти дека сите надлежни служби се на терен и дека ги утврдуваат последиците на земјотресот кој денес ја погоди областа Бингол, а според првичните информации неколку лица се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).

Земјотресот со јачина 5,7 степени по Рихтер ја погоди денес источната турска област Бингол, а од Канцеларијата за вонредни ситуации во Турција (АФАД) соопштено е дека епицентарот на земјотресот е регистриран во дистриктот Карлиова.

Земјотресот се случил во 17:24 часот по локално време, а бил почувствуван и во околните области.

Турскиот министер за жиивотна средина и урбанизам Мурат Курум соопшти дека сите надлежни служби се на терен и дека работат на евидентирање на последиците од земјотресот.

Паралелно со тоа, гувернерот на провинцијата Бингол, Кадир Екинџи, соопшти дека се срушија две стражарници во селото Крајнарпинар и дека се повредени тројца стражари.

„Се срушија десет куќи во селата Елмали и Динарбеј во областа Једису. За среќа, до сега немаме информации за смртни случаи”, соопшти Екинци.

Гувернерот на соседната областа Ерзурум Окај Мемиш, соопшти дека земјотресот се почувствувал и во тој регион, но дега досега нема информации за штетните последици.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни