Македонија

Силно невреме со град го зафати Скопје – падна и град!

Силно невреме со град го зафати Скопје – падна и град!

Попладнево силно невреме проследено со ветер го зафати Скопје.

Покрај грмежите и силното навевање на дождот, повремено паѓаше и град кој ги натера граѓаните на општина Аеродром кои се најдоа на отворено да се скријат под зградите и да чекаат невремето да помине.

Засега нема информации за искорнати дрва или материјална штета, но со повеќе информации ќе се обратиме подоцна.

Како што најавуваат од УХМР, во следниот период ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во сабота.

Во недела попладне и во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, а од вторник се очекуваат нови врнежи од дожд.

Како што информираат од УХМР, утре минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 8 степени целзиусови, а максималната температура ќе биде од 6 до 14 степени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни