Македонија

Синоќа повторно избувна пожар во депонијата Дрисла

Синоќа повторно избувна пожар во депонијата Дрисла

Синоќа пред 23.00 часот повторно беше предизвикан пожар во депонијата Дрисла, на сосем друго место, подалеку од местото кое беше активно претходните денови.

На лице место веднаш се упатија скопските пожарникари кои започнаа со гаснење но поради спецификата на пожарот беше потребно истовремено затрупување на опожарената површина поради што се активираа градежни машинити кои веќе беа таму сонтоа брзо пристигнаа нивните возачи.

Еден час подоцна пожарот беше изгаснат и затрупан со што беше спречено ширење на огнот во главнината на депонијата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни