Синоќа пред спортската сала „Наум Наумовски – Борче“, попозната како „Партизан“, се одржа протест под мотото „Партизан не го даваме“. Граѓани се собраа во Карпош 4 како реакција на одлуката на Владата да ѝ го одземе објектот од трајно користење на Општина Карпош.
Од Општината порачаа дека салата е од особено значење за локалната заедница и дека во неа се вложени значителни средства за да биде ставена во употреба.
Протестот се одржа со цел да се испрати порака за зачувување на објектот во надлежност на општината.