Стапалата на Владимир Путин повторно се во јавноста откако на видео од јавен настан се гледа како тие неконтролирано се грчат, што повторно ги разгоре гласините за неговото здравје. 72-годишниот руски лидер се бореше да ја задржи контролата врз своите движења додека држеше едночасовен говор во Астана, Казахстан.
Инцидентот го привлече вниманието поради постојаните шпекулации дека Путин можеби се бори со Паркинсонова болест или друг сериозен здравствен проблем. За време на неговиот говор, се чинеше дека неговите нозе неволно се грчат, што ги наведе набљудувачите да се запрашаат дали движењата се симптоми на невролошко нарушување.
Освен тоа, многумина забележале дека Путин носи чевли со високи потпетици, пренесува Јутарњи.
Ова не е првпат да се изразува загриженост за здравјето на Путин. Претходните снимки веќе покажаа дека Путин изгледа физички нестабилно за време на јавните настапи – се грчат нозете и рацете додека се фаќа за блискиот предмет за да се стабилизира. Иако Кремљ повторно ги демантираше гласините за какви било здравствени проблеми, ваквите моменти продолжуваат да поттикнуваат дебата.