Македонија

Скопјанец со пиштол им се заканувал на вработени во угостителски објект!

Скопјанец со пиштол им се заканувал на вработени во угостителски објект!

 На 06.11.2025 во 16:15 часот во Скопје на подрачјето на Центар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(32) од Скопје, по претходна пријава од вработен во угостителски објект дека околу 13:35 часот пријавениот извадил пиштол, го репетирал и им се заканувал на вработените, по што го напуштил објектот.

При преглед кај И.С. биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, таблети и пиштол на дијаболи.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни