Македонија

Скопјани вечерва и без вода и без воздух – четврти во светот сме по најзагаден воздух

Скопјани вечерва и без вода и без воздух – четврти во светот сме по најзагаден воздух

Освен без вода, скопјани вечерва дишат и екстремно загаден воздух кој е опасен за здравјето на граѓаните. И не само Скопје, во Кичево мерните станици вечерва покажуваат дека присуството на ПМ10 честички во воздухот е речиси 7 пати над дозволената граница од 50 микрограми на метар купен.

Во во овие моменти на светската листа Скопје е на четврто место. Пред нас се само Бангладеш, Пакистан и Индија.

Од 22 часот вечерва жителите на Скопје се и без вода поради санакција на главниот цевковод. До кога ќе трае прекинот нема точна информација, но надежите се дека вода ќе дојде во недела.

Еве кои делови од Скопје вечерва од 22 ќе бидат без вода

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни