Македонија

Скопјанка измамена за 280 илјади денари, ќерка и направила наводна сообраќајка

На 14.08.2024 во 09.31 часот во СВР Скопје, 87 – годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 280.000 денари. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати за да биде ослободена.

Како што е пријавено, таа ги подигнала парите од банка и од тераса му го фрлила пликот со пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни