Скопје се наоѓа на 22. место во светот по загаденост на воздухот.
Според последните мерења, концентрацијата на ПМ2.5 честички во Скопје е 4,7 пати поголема од препорачаната годишна граница на Светската здравствена организација (СЗО).
Препораки:
- Намалете физичка активност на отворено – особено чувствителните групи
- Затворете ги прозорците за да го спречите влегувањето на загадениот воздух
- Носете маска на отворено – за чувствителните лица
- Користете прочистувач на воздух – за заштита во затворен простор
Градските власти и здравствените институции советуваат граѓаните да ги следат препораките и да ги минимизираат ризиците од изложеност на загадениот воздух.
Скопјани се соочуваат со загадување и густ чад кој се шири низ градот. Од различни делови на главниот град пристигнуваат поплаки од граѓаните дека воздухот е неподнослив.