Македонија

Скопје повторно меѓу најзагадените: Прв во Европа, 11-ти во светот

Скопје повторно меѓу најзагадените: Прв во Европа, 11-ти во светот

Утрово на листата за најзагаден град во Светот, Скопје се најде на 11-тото место, и прв во Европа, со оглед дека на првите 10 се најдоа градови кои не се на европскиот континент.

Најзагаден град во светот беше Делхи во Индија, а потоа Акра во Гана и Каиро во Египет.

Сараево, кој долго време го држеше приматот за еден од најзадените во светот и прв во Европа, утрово се најде 44-ти на листата во светот. Софија денеска исто така е еден од најзагадените европски градови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни