Македонија

ВИДЕО Стаорци големи колку мачки снимени кај Влада

ВИДЕО Стаорци големи колку мачки снимени кај Влада

Сè почести сцени на стаорци и глувци низ улиците на Скопје ја потврдуваат алармантната состојба со хигиената во главниот град, кој веќе со недели е затрупан со ѓубре поради нефункционалните комунални служби.

На снимка што ја објави „Слободен печат“, се гледаат големи стаорци како излегуваат од дупки на тротоарот покрај кејот на Вардар, во непосредна близина на зградата на Владата. Според граѓаните што ја испратиле снимката, глодарите се големи колку мачки и слободно се движат меѓу минувачите.

Поврзана објаваАлармантно во Скопје: Глушец касна 10-годишно дете среде игралиште во Капиштец, додека градот тоне во ѓубре

Инфектологот и поранешен советник во Град Скопје, д-р Никола Пановски, веќе предупреди дека огромните количини отпад на улиците може да доведат до вистинска наезда од стаорци, со сериозни последици по јавното здравје.

Поврзана објаваПановски: За 20 дена во Скопје би имало 10.000 глувци, ако не се преземат мерки

Додека надлежните институции меѓусебно ја префрлаат одговорноста, граѓаните стравуваат дека доколку не се преземат итни мерки за чистење и дератизација, Скопје би можело да се соочи со епидемиолошка закана.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни