Македонија

Славески со порака до приватните превозници: Не наседнувајте на манипулациите на Арсовска, таа е непредвидлива

Славески со порака до приватните превозници: Не наседнувајте на манипулациите на Арсовска, таа е непредвидлива

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески вели „градоначалничката Арсовска треба да сноси одговорност затоа што врши диверзија во една витална дејност како што е јавниот градски превоз. Имено, по оној кикс што беше направен со ЈСП каде што Владата мораше да прогласи вонредна состојба и да го снабдува претпријатието со гориво од државните резерви, таа во континуитет ги подбуцнува приватните превозници да прават проблеми во јавниот градски превоз“.

Тој упати порака до приватните превозници.

-Немојте да наседнувате на манипулациите на Арсовска, таа е непредвидлива. Може да го направи истото што го направи со вашите претходници од пред 2 години, кога им ги укина лиценците. Може да останете на улица, може да останете без леб.

Упати и порака до Арсовска и до Владата:

-Доколку оваа состојба ескалира заради инаетот на Арсовска, бидејќи е прогласена вонредна состојба, Владата има мерки, има инстументи да го реши овој проблем- така што Арсовска не може да се поигрува со граѓаните, нивните судбини, нивната можност да стигнат до работното место…

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни