На свадба во Косово отишол со службени автомобили и бил во придружба според безбедносните протоколи, но ова одење на свадба предизвика многу реакции до претседателот на Собранието, Африм Гаши. Тоа е затоа што службените автомобили биле видени заедно со други коли на младоженци кои земале невеста.
И од Собранието и од коалицијата ВРЕДИ, од каде што доаѓа Гаши, велат дека во ова патување на првиот човек на Собранието на Северна Македонија не е направена законска повреда. Одењето било согласно сите процедури предвидени со законот, а за ова биле информирани МВР и МНР, појаснуваат од Кабинетот на Гаши.
На прашањето дали е етички службените автомобили со претседателот на Собранието да се најдат меѓу колоната со сватови, портпаролот на коалицијата ВРЕДИ, Фари Хисени, одговори:
-Дел од традицијата е што секогаш сме ја практикувале. Не е дека се прави некаква пречка во сообраќајот, туку е дел од нашата традиција што се практикува на секоја наша свадба, рече Фари Хисени.
Од СДСМ бараат отчет од собранискиот спикер и МВР дали е етички да се оди по невеста во соседна држава со службен автомобил?
Во врска со ова, коалициониот партнер на ВРЕДИ, ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение во кое се вели дека носител на позиција како претседател на собранието следи задолжителен протокол и постојана придружба. Во спротивно, според ДПМНЕ би претставувало дело кое бара санкција.
-Дали според СДС требало да се прекршат законите во случајот на Африм Гаши? Оваа држава има институции. СДС тоа тешко го сфаќа зошто во нивно време министрите во работно време играа фудбалчиња во кабинет, полицајци се удираа во пајаци, во присуство на Ахмети се пукаше со калашникови, а Оливер Спасовски делеше пасоши на мафијаши“, изјавуваат од ВМРО-ДПМНЕ.,
Говорејќи за последните случувања во однос на претседателот на Собранието и МВР, Крешник Бектеши од опозицискиот Европски фронт во „Дејли клик“ на ТВ21 излезе во одбрана на Африм Гаши, велејќи дека претседателот на Собранието ги коригира министерствата и дека министерствата не можат да бараат одговорност од вториот човек на државата.
„Министерството за внатрешни работи не е институција која бара одговорност од претседателот на Собранието, претседателот на Собранието со хиерархија во државата е втор човек, што се однесува до владеењето, Собранието и претседателот на Собранието ја контролираат работата на владата. Не е премиерот, а најмалку министерот за внатрешни работи,тој кој може да бара одговорност од претседателот на Собранието“, изјави Бектеши.
Во однос на употребата на службените автомобили за свадби, МВР вчера соопшти дека се врши проверка дали претседателот на Собранието ги злоупотребил возилата, кои всушност се користат со посебен патен налог, со оправдување за намената за која се користат возилата, времетраењето и трошоците за патување.

