Сметководителите протестираа пред Влада за да го изразат револтот против, како што велат, непочитувањето на нивните ставови и игнорирањето на нивните барања во текот на подготовката на новиот закон за сметководители. Го обвинуваат Министерството за финансии, дека во новиот закон кој е во завршна фаза, не се земени во предвид нивните барања, а решение гледаат во тоа нивните барања да му ги кажат на премиерот, Зоран Заев.
Додека групата од 5-мина демонстранти разговараа внатре со премиерот Заев, другите ги наброија нивните барања и проблемите со кои се соочуваат.
По едночасовните разговори меѓу премиерот и петмина демонстранти, излегоа со вест дека едно од четирите барања е прифатено. Нивниот главен проблем е војната со нелојалната конкуренција, затоа беше и едно од нивните главни барања. Изјавија дека им е жал што мораа преку протест да ги добијат нивните права.
Инаку, барањата на сметководителите за кои се надеваат дека ќе се земат в предвид од Министерството за финансии, се: континуираното професионално унапредување да биде во рацете на Институтот на овластени сметководители во Македонија, Собранието на Институтот на сметководители да има повеќе од 50 членови и последното барање, микро-компаниите до 1 милион денари да имаат само еден сметководител.
Репортер: Арменд Гаши