Свет

Снегот и ветрот го парализираа аеродромот во Амстердам – откажани 718 летови

Снегот и ветрот го парализираа аеродромот во Амстердам – откажани 718 летови

Аеродромот Шипхол во Амстердам повторно се соочува со сериозни нарушувања во работењето, откако обилните снежни врнежи и силниот ветер предизвикаа големи проблеми низ цела Холандија.

Според информации од локалните медиуми, денеска дополнително се откажани 718 летови, а метеоролошките најави укажуваат дека во одредени делови од земјата можно е да наврнат уште до 10 сантиметри снег.

Од аеродромот Шипхол информираат дека и натаму се применуваат строги ограничувања во воздушниот сообраќај поради неповолните временски услови.

„Поради продолженото зимско време и силниот ветер, во среда ќе биде возможен само ограничен воздушен сообраќај до и од Шипхол. Се очекуваат нови откажувања на летови, главно на европските дестинации“, соопштија од аеродромот.

Поради откажувањата, илјадници патници останаа заглавени на аеродромот, додека авио-компаниите се обидуваат да ги ублажат последиците од временската непогода, која веќе неколку дена создава сериозни тешкотии во европскиот воздушен сообраќај.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни