Свет

Снегот ја парализираше Москва, сообраќајот во прекин

Блокирни улици и верижни судари, сообраќаен хаос во главниот град на Русија поради снежната бура во Москва која предизвика десетици сообраќајни несреќи.

Властите донеле околу 12.000 парчиња опрема за чистење на снег од градските патишта и тротоари со кои активно се работи, но и покрај тоа Москва е блокирана веќе два дена.

На авто-патот Симферопол повеќе од 50 возила учествувале во неколку сообраќајни несреќи во двата правци, но за среќа, немаше жртви, а три лица се лесно повредени.

Чистењето на теренот траеше со часови.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни