Додека во салата „Македонија“ траеше жешката расправа по однос на предлогот за избор на нова Влада и премиер Христијан Мицкоски, во Собранието снема струја.
Во големата пленарна сала повеќе 5-6 секунди немаше струја, по што веднаш се вклучи агрегатот, јавува репортерот на ТВ21 од законодавниот дом.
Но системите за работа, озвучувањето, директниот пренос на македонската телевизија беа прекинати. Поради ова и потребното време за повторно оспособување на техниката, претседателот на Собранието Африм Гаши даде пауза.
По паузата пратеничката која беше не говорница и со толкување за случувањето.
„Можеби и тоа беше знак за рестарт на системот или фабричкото ресетирање“, рече пратеничката Ели Панова.
„Прекинавме поради невремето, имаше висок напон и додека се вратија системите во функција направивме 10-минутна пауза“, рече претседателот на Собранието.
Инаку попладнево скопскиот регион е зафатен од силно невреме проследено со врнежи од дожд, град, силен ветер и јаки грмотевици.