Пет гласа за и четири против во Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на имунитетот на пратеникот Љупчо Димовски. Ова е исходот од гласањето кое се случи предмалку, а претходеше жестока расправа, особено од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои беа против ваквата одлука.
Сега Комисијата го предава случајот на Собранието каде што на пленарна седница треба да се гласа за одземањето на пратеничкиот имунитет на Димовски со обично мнозиство од 61 глас ќе се одлучува дали екс министерот за земјоделство ќе остане пратеник, или ќе му биде одземен мандатот.
Тој вчера беше на распит во Судот поради злоупотреба на службената положба додека бил министер, а Судот од Собранието побара да му биде одземен имунитетот.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека одземањето на имунитетот и распитот во Судот е поради одбивањето Димовски да гласа за уставните промени.