Македонија

Со автоматска пушка пукано кон градоначалникот на Арачиново, повредени две лица

Со автоматска пушка пукано кон градоначалникот на Арачиново, повредени две лица

Денеска (01.04.2024) во 13.25 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на влез на с. Арачиново машко лице со автоматска пушка пукало кон градоначалникот на о. Арачиново Р.И., кој бил заедно со уште неколку лица.

При тоа повредени се две лица, кои биле заедно со градоначалникот.

Градоначалникот не е повреден, а не се точни ниту шпекулациите објавени во дел од порталите дека е повреден полициски службеник.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

Инаку, на терен е дежурен обвинител кој врши увид.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни