Македонија

Со месечна плата над 165 илјади евра, скопјанец од тутунската индустрија е најплатeниот вработен во државата!

Со месечна плата над 165 илјади евра, скопјанец од тутунската индустрија е најплатeниот вработен во државата!

Со месечна бруто плата од над 165 илјади евра, скопјанец од тутунската индустрија е најплатeниот вработен во државата. Годишно заработува скоро 2 милиони евра. УЈП ги објави податоците за највисоките примања во 2021 та година.

Но најбогатиот граѓанин, кој покрај плата има и дополнителни примања од странство – месечно живеее со 328,225 евра. Високи плати земаат и вработените во болниците, фармацијата, одгледувањето свињи, металската индустрија, управувачките дејности и програмирањето.

Велешанец заработил над 3,3 милиони евра од дивиденда, додека скопјанец од продажба на сопственички удел – 2 милиони евра. Највисокиот годишен бруто приход од самостојно вршење дејност изнесува над 1,6 милиони евра.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни