Македонија

Со Палевски пишувавме утрото на критичниот ден за ирански дронови, но пораките се бришеа по 30 минути, рече сведок на одбраната

Со Палевски пишувавме утрото на критичниот ден за ирански дронови, но пораките се бришеа по 30 минути, рече сведок на одбраната

За убиствата на Вања и Панче во судница денеска сведочеше Зоран Петковски, порано вработен во полиција, а во критичните моменти член на Комисијата за безбедност на политичката партија Десна. Тој бепе предложен од страна на одбраната.

Петковски рече критичниот ден утрото разговарал со Љупчо Палевски – Палчо, но доказ од разговорите рече дека нема.

„Каналот е креиран од Љупчо Палевски така што, за 30 минути се бришат и каналот и комуникацијата“, кажа сведокот.

Со Палчо разговарале за ирански дронови.

„Со Палевски разговаравме за ирански дронови, трансфер преку Србија од Иран. Добив задача од Палевски да соберам информации околу ова и да ги известам останатите членови на Комисијата за безбедност“, одговори сведокот на прашање на адвокатот на Палевски.ж

Поради неутврдена листа на идни сведоци, судењето за денеска заврши и ќе продолжи на 5-ти март.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни