Македонија

„Со поставување на безбедносните камери, ќе немате повеќе кому да се јавите за да ви скине казна“, вели Тошковски

„Со поставување на безбедносните камери, ќе немате повеќе кому да се јавите за да ви скине казна“, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска на прес-конференција зборуваше за поставувањето на безбедносните камери.

На новинарско прашање дали и во иднина ќе има јавувања, ургенции за укинување на прекршоци кои ќе произлезат од безбедносните камери, Тошковски рече:

„Една од примарна причини за поставувањето на камерите е безбедноста. Бројките на жртви се алармантни. Затоа ги поставуваме камерите, за да спасиме животи. И пред се жртвите се млади луѓе. А, друга причина е дека никому повеќе не може да се јавите за да ви скине казна. Нема кому да е јавите. Компјутер е тоа, треба да се јавите на компјутерот. Нема кому да се јавите“, рече Тошковски на оваа тема.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни