Македонија

Со пожарот во Хром некој сакал да го сокрие убиство – запалениот скопјанец бил прободен!

Со пожарот во Хром некој сакал да го сокрие убиство – запалениот скопјанец бил прободен!

Јавното обвинителство соопшти дека вчерашниот пожар во скопската населба Хром бил подметнат од страна на некој кој сакал да го сокрие убиството на сопственикот на запалениот стан. Жртвата имала рани со нож, а истрагата продолжува, пренесе Телма.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место. Со обдукцијата извршена по наредба на јавниот обвинител, кај починатиот беа потврдени траги на насилство – убоди со остар предмет како причина за смртта. Првичните сознанија упатуваат дека пожарот бил подметнат за да се прикрие кривичното дело. Во текот на денешниот ден, во координација со МВР, се преземаат и други дејствија и се издаваат наредби за целосно расчистување на настанот“, информираше ОЈО.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни