Собранието ги усвои измените, рударите ќе имаат бенифециран стаж

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кои се обезбедува бенефициран стаж на рударите. Според законските измени рударите кои наполниле 40 години стаж ќе може да се пензионираат, а жените со 35 години работен стаж ќе може да одат во пензија.

 „Сега рударите ќе имаат бенифициран стаж и со навршување 35 години стаж за жени, за мажи 40 ќе може да се пензионираат. Тоа значи дека со новите законски измени рударите ќе можат да се пензионираат на околу 50 години“, изјави Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ.

Се вчитува...

 

Извор: ТВ21