Собранието го донесе Законот за амнестија

Собранието на Македонија попладнево со 95 гласа „за“, без против и воздржани, го донесе Законот за Амнестија.

Пред почетокот на гласањето, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски истакна дека пратениците од неговата партија се приклучуваат кон предлагачите на овој закон.

Се вчитува...

Предлог Законот за амнестија за случувањата во Собранието на 27 април, по скратена постапка беше единствена точка на попладневната седница.

Извор: ТВ21