Во врска со прашањата за промените во составот на пратеничките групи, Ве известуваме дека согласно член 34, став 9 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес беше официјално известен за промените во составот и раководната структура на Пратеничката група на ВЛЕН.
Во согласност со известувањето:
• Пратеникот Беким Ќоку е назначен за координатор на пратеничката група на ВЛЕН.
• Заменици-координатори се пратениците Мерита Колчи Коџаџику и Аднан Азизи.
• Додека сегашниот состав на Пратеничката група на ВЛЕН е како што следува:
1. Африм Гаши
2. Аднан Азизи
3. Беким Ќоку
4. Калтрина Беќири
5. Имерлије Салиу
6. Саранда Имери
7. Фериде Хаџиу
8. Мерита Колчи Коџаџику
9. Беким Сали
Собранието веќе ги ажурира официјалните информации и ќе постапува во согласност со релевантните Правилници и процедури.