Празнично предјадење кое ги радува сите, а вкусот е неверојатно добар
Состојки:
200 гр. ориз варен во солена вода
2 рендани моркови
2 варени компири
4 кисели краставички
1 китка магдонос
10 маслинки
5 јајца
400-450 гр. париски, шунка
300 гр. мајонез
400 гр. павлака или милерам
Подготовка: Сварениот ориз измешајте го со магдоносот, сечканите јајца, магдоносот и павлаката. Половина од таа смеса е првиот слој што ќе го ставите во калапот за торта. Потоа ставете слој мајонез, рендан компир, рендан морков, магдонос и малку шунка одозгора, па уште еден слој ориз и така додека не го потрошите материјалот. Потоа сè украсете со слој мајонез, чери домати и маслинки.
