Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, изјави дека се сомнева дека пожарот во планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ е намерно предизвикан, со оглед дека имало забележано вандализам на три места, односно дека биле запалени бандери од средно водно кон врвот, потоа запалено ѓубре кај планинарскиот дом, и скршено стакло од продавницата кај крстот.
„Добиена е пријавана за запалена бандера помеѓу средно водно и врвот на Водно. Дејствувавме и го изгасивме тој пожар. Еден час подоцна добивме дека гори планинарскиот дом „Даре Џамбаз“. Пријавата ја добив јас лично од еден планинар, и ја пренесов веднаш до противпожарната бригада, екипи пристигнаа тука и веднаш интервенираа. Скршено е стаклото и на продавницата. Се работи за вандализам на најмалку три места. Пожарот е започнат надвор од домот од ѓубре, а потоа се проширил врз дрвената рамка на прозорот на планинарскиот дом и се проширил внатре. Екипите на МВР испитува кој го предизвикал пожарот, како и вандализмот. Жичарницата не работи поради прекин на електрична енергија“, соопшти Ангелов.

