Македонија

Сончево и многу топло, температурите над 40 степени – UV индексот висок!

Сончево и многу топло, температурите над 40 степени – UV индексот висок!

Сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. UV=10

Во Скопје претежно сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот во поголем дел од земјава ќе има многу висока вредност 10.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни