Македонија

Сончево и потоплo, температурите до 37 степени

Сончево и потоплo, температурите до 37 степени

Сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен  ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. UV=8

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и  со слаб до умерен  северен ветер.Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степена.

Во деновите од викендот и во понеделник времето ќе биде сончево  и топло со мала до умерена локална облачност. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени.

Во вторник се очекува повторно дестабилизирање на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни