Македонија

Сончево и студено, температурите до 13 степени

Сончево и студено, температурите до 13 степени

Сончево и студено со мала, а во источните делови со умерена локална облачност. Претпладне ќе дува засилен северен ветер, кој во попладневните часови ќе слабее, а најдолго ќе се задржи долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 10 степени.

Во понеделник ќе преовладува сончево време со студено утро, а дневната температура ќе се зголеми. Потоа од вторник следува период на претежно облачно време, од крајот на денот со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни