Сончево и топло, а во овие делови од земјата можен е краткотраен дожд

Сончево и топло со променлива облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне облачноста ќе се зголеми и претежно во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 10       до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност поголема попладне. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.