Сончево и топло со мала до умерена облачност
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен, а во југоисточните делови југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 25 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и се потопло време. Во попладневните часови, особено во вторник, ќе има локално зголемување на облачноста со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во петок и сабота ќе биде понестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни