Македонија

Сончево и топло, температурата до 37 степени

Сончево и топло, температурата до 37 степени

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во наредните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност која ќе биде поизразена во среда и четврток кога процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Во петок и за време на викендот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни