Македонија

Сончево и топло, температурите до 27 степени

Сончево и топло, температурите до 27 степени

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Продолжува периодот на релативно топло време. Во среда кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, кои ќе продолжат во текот на ноќта и во четврток, кога ќе бидат проследени со ретки грмежи. Услови за локален дожд ќе има и во петок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни