Македонија

Сончево и топло, температурите до 31 степен

Сончево и топло, температурите до 31 степен

Сончево со умерена, а на места повремено со значителна облачност. Претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен.

Во Скопје сончево со умерена облачност, која повремено ќе се зголемува. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 27 степени.

И во петок наместа ќе има значителна облачност, а претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Во петок долж Повардарието, а во недела во поголем дел од земјава ќе дува засилен северен ветер. Дневната температура во следните денови ќе се задржи над просекот за овој период.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни