Македонија

Сончево и топло, температурите до 38 степени

Сончево и топло, температурите до 38 степени

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во јужните делови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. UV=8

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 38 степени.

До понеделник ќе се задржи многу топло време. Во понеделник кон крајот на денот и во вторник се очекува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Дневните температури од вторник ќе опаднат за неколку степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни